Востоличување на патријархот на СПЦ Иринеј во Пеќ

Во косовскиот град Пеќ денеска ќе се одржи церемонија на востоличување на новиот патријарх на Српската православна црква, Иринеј.
Интронизацијата во градот со мнозинско етничко албанско население ќе биде обезбедувана од КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција.
На церемонијата се очекува да присуствуваат повеќе од 10 илјади граѓани меѓу кои и српскиот претседател Борис Тадиќ.
Иринеј вчера ги повика Србите и Албанците да изнајдат решение за статусот на Косово и нагласи дека Србија преживува „многу, многу тешки времиња“.