Кинескиот Премиер во Грција со најава за силни инвестиции

Кинескиот премиер Вен Џиабао денеска ќе пристигне во тридневна официјална посета на Грција, придружуван од делегација од осум министри и заменици министри.
Ова ќе биде прва посета на кинески премиер на Грција во последните 24 години.
Се очекува премиерот повторно да го потврди интересот на кинеската Влада за реализација на нови инвестиции во Грција, главно во областа на морскиот превоз, бродоградбата и трговијата.
Прва цел за време на престојот на кинеската делегација ќе биде изградба на нов трговски центар во Триасио. Оваа инвестиција ќе изнесува 150 милиони евра.
По Грција, кинескиот премиер ќе ја продолжи својата турнеја во Италија, Белгија и Турција