Невработеноста во еврозоната, над 10 насто

Невработеноста во 16 држави на еврозоната во август остана непроменета, односно и натаму изнесува 10,1 насто. Во денеска соопштените статистички податоци во Брисел се наведува дека најмала стапка на невработеност има Австрија со 4,3 проценти, а највисока Шпанија над 20 насто. За сите 27 земји на Европската унија невработеноста исто така не се променила и во август изнесувала 9,6 проценти.