Адмирал Фицџералд задоволен од ситуацијата на Косово

Командантот на здружените сојузнички сили во Неапол адмирал Марк Фицџералд денеска во северна Митровица изјави дека ситауцијата на Косово била подобрена за сите луѓе, како во сферата на безбедноста, така и на полето на економијата. ,,КФОР има планови да ја одржува безбедноста, а Обединетите нации ќе го штитат владеењето на правото во соработката со локалните власти,, изјави американскиот адмирал.