НАТО со отворени врати за Грузија, изјави Расмусен

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, кој е во посета на Тбилиси, изјави дека Алијансата останува отворена за прием на Грузија и и оддаде признание на земјата за учеството во мисијата во Авганистан. Расмусен присуствуваше на отворањето на новата канцеларија за врски на НАТО во Тбилиси. На самитот во Букурешт во 2008-ма, НАТО зазеде став дека Грузија и Украина би можеле да станат членки на Алијансата, но некои европски лидери, поради противењето на Русија, не се согласија тие две земји да добијат кандидатски статус.