Курдите повторно го продолжија примирјето со Турција

Курдската работничка партија го продолжи примирјето со Турција за еден месец и соопшти дека тоа може да биде продолжено на неопределено време ако почнатиот дијалог со Анкара даде резултати за мирно решавање на курдскиот конфликт.
Турските власти почнаа дијалог со курдски политичари кои се сметаат за блиски до Курдската работничка партија. Некои информации велат дека турските власти водат тајни разговори со лидерот на курдските бунтовници Абдула Оџалан, кој издржува доживотна казна затвор.