Индија - Светото место да се подели меѓу хиндусите и муслиманите

Индискиот суд одлучи дека светото место во градот Ајодиа треба да се подели меѓу хиндусите и муслиманите. И двете верски заедници тврдат дека местото им припаѓа токму ним.
Најмалку две илјади луѓе загинаа во судирите во 1992 година, откако хиндуистичките ултранационалисти ја урнаа џамијата Бабри од 15 век која се наоѓаше на местото. Хиндуистите тврдат дека на тоа место е роден богот Рама и сакаат таму да му направат храм. Муслиманите, пак, сакаат да ја обноват џамијата.
Власта апелираше на смиреност и распореди повеќе од 190 илјади полициски и паравоени трупи во државата Утар Прадеш во очекување на пресудата.