Красниќи - предвремени избори на Косово за 6 месеци

Претседателот на косовското Собрание и вршител на должноста претседател на Косово, Јакуп Красниќи изјави дека по оставката на шефот на државата Фатмир Сејдиу, за шест месеци би можеле да бидат одржани парламентарни избори.
Красниќи во интервју за„Коха диторе“ наведе дека не треба да се почнуваат преговори со српските власти се додека не биде конституиран новиот состав на косовските институции.