Тројца пакистанци загинале во напад на НАТО

Тројца припадници на пакистанските безбедносни сили загинале во воздушен напад од хеликоптер на НАТО, се вели во извештаите на пакистанските власти. Службеник на Алијансата од Авганистан потврди дека нападот се случил денеска. За сега нема повеќе информации за инцидентот кој се случил во пограничната област кај реонот Горен Оракзаи.