Медведев: Курилските Острови се важен дел од Русија

Рускиот претседател Дмитриј Медведев изјави дека Курилските Острови, за кои има спор меѓу Москва и Токио, „се многу важен дел“ од Русија. Недведев рече дека планирал да ги посети островите, но бил спречен од лошото време.
Јапонскиот министер за надворешни работи претходно рече дека, ако Медведев ги посети островите, тоа „сериозно ќе ги наруши односите меѓу двете земји“.
Курилските острови се под контрола на Русија од 1945 година. Јапонија од тогаш бара да им се вратат. Поради спорот за островите, Јапонија и Русија се уште немаат потпишано примирје за Втората светска војна.