Џорџ Мичел се среќава со израелските власти

Специјалниот американски пратеник за Блискиот Исток Џорџ Мичел денеска се среќава со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и со министерот за одбрана Ехуд Барак, во обид да го спаси блискоисточниот мировен процес. Предвидено е утре Мичел да се сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас.