Црна Гора очекува кандидатски статус во ноември

Црна Гора во ноември може да очекува поволно мислење на Европската комисија за добивање статус на кандидат за членство во ЕУ, изјави во Брисел црногорската министерка за европски интеграции Гордана Ѓуровиќ. Таа оцени дека пред Црна Гора и другите земји од западен Балкан е деценија во која сите треба да дојдат до членство во Унијата, без разлика дали тоа ќе биде 2015 или на пример 2018 година.