Времето ќе биде облачно и дождливо

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер при што се очекува да наврнат и над 20 литри на квадратен метар со засилен ветер и појава на грмежи, особено во јужните делови од земјава. Утринската температура се движи од 10 до 16, а дневната ќе биде од 16 до 22 степена.
Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 20 степени.