19 години затвор за познат ирански блогер

Познатиот ирански блогер Хосеин Дарахшан, кој беше во притвор речиси две години, е осуден на 19 години затвор. Тој беше обвинет за соработка со непријателски земји, ширење негативна пропаганда против власта, промовирања на контрареволуционерни организации и навреда на исламската мисла и верските старешини.
Дарахшан, кој е заслужен за ширењето на блогосферата во Иран, беше уапсен во 2008 година, по враќањето од Канада и Велика Британија каде што живееше извесен период. Тој има и иранско и канадско државјанство. Има непотврдени информации и дека е осуден на смрт наместо на 19 години затвор.