Лизгање на земјиштето во Мексико

Околу 300 куќи се затрупани во лизгање на земјиште во југозападно Мексико. Властите стравуваат дека загинале стотици луѓе што биле во куќите. Тие велат дека поради невремето се оштетени и патиштата што дополнително им отежнува на спасувачките екипи.