Воените злосторства пред националните судови

Претседателот на Хашкиот трибунал Патрик Робинсон денеска во Белград најави дека поголемиот број од случаите за воени злосторства ќе бидат процесуирани пред националните судови.
Робинсон го претставуви проектот за поддршка на судовите од регионот за да можат да им судат на воените злосторници.
Претседателот на Трибуналот изрази надеж дека обвинетите за воени злосторства Ратко Младиќ и Горан Хаџиќ набрзо ќе бидат уапсени. Робинсон рече дека се согласува со главниот обвинител на Хашкиот трибунал, Серж Брамерц, кој ја критикуваше Србија поради недоволна соработка со судот.