Северна Кореа има нов генерал

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ил го унaпреди во генерал неговиот најмлад син Ким Џонг Ум. Тоа, според агенциите, е најјасен знак дека тој ќе го наследи неговиот татко на местото лидер на Северна Кореа. Неколку часа по оваа вест, во Пјонгјанг почна најголемиот политички собир во последниве 30 години на кој Ким Џонг Ил повторно е избран за генерален секретар на Работничката партија.