Американски војник на суд за убиства на цивили

Американскиот војник Џереми Мурлок кој е обвинет за убиство во Авганистан се појави на рочиште во суд. Тој е обвинет за убиство на тројца цивили за време на неговиот воен престој во провинцијата Кандахар. За истиот случај се обвинети уште 11 други војници. Тие одлучиле во понеделник да го искористат уставното право и прво да сведочат за случајот. Доколку го прогласат Мурлок за виновен,тој може да се соочи и со смртна казна.