Париз се откажа од процесот против Ширак

Париз денеска се откажа од долготрајниот судски процес за мито против поранешниот француски претседател Жак Ширак.
До откажувањето доаѓа откако Ширак и владејачката партија се согласија да му платат на градот 2,2 милиони евра за загубите предизвикани од скандалот со финансирање на партиите, додека Ширак беше градоначалник на Париз од 1977 до 1995 година.
Во периодот од 1995 до 2007 година Ширак беше претседател на Франција и не можеше да биде гонет за случајот поради претседателскиот имунитет.