Урнатиот хелихоптер градел тајно одморалиште за Путин?

Руската агенција РИА Новости објави дека хелихоптерот што се урна на југот на земјата носел материјали за изградба на ски-лифт на тајно одморалиште на премиерот Владимир Путин на Кавкаските планини. Во несереќата загинаа двајца од тројцата членови на екипажот.
Официјално, местото Лунаја Полјана е научно-истражувачки центар, но руските опозициски медиуми тврдат дека Путин се одмора таму.