Израелците ќе ја продолжат градбата на Западниот Брег

Израелските доселеници денеска најавија дека ќе продолжат со изградбата на евреските домови во наслебите на Западниот Брег откако израелскиот мораториум за градба истече на полноќ. Сепак, според Одед Ревиви градоначалник на населбата Ефрат фирмите и банките се воздржани стравувајки од нова забрана за градба. Веднаш по истекот на мораториумот Израелскиот Премиер Бенјамин Нетанјаху му порача на Палестинскиот Претседател Махмуд Абаз да продолжат мировните преговори за да се постигне мировно решение за една година. Нетанјаху го отфрли повиците на Американскиот Претседател Барак Обама за продолжување на мораториумот за градба. САД во секој случај бараат продолжување на палестинско израелските преговори, додека Палестинскиот Претседател Махмуд Абаз се закани со прекин на преговорите доколку мораториумот за градба на Западниот Брег биде симнат.