Нов брод со хуманитарна помош тргна кон Појасот Газа

Група активисти што носат хуманитарна помош, со брод се упатија кон Појасот Газа и покрај израелската блокада. Деветмината активисти од Израел, Велика Британија, Германија и од САД испловија од пристаниште во Кипар со брод кој плови под британско знаме. Се очекува, бродот на пристигне во Газа за 24 часа. Израел ги блокира пристаништата во Газа, под изговор дека се обидува да спречи шверц.
Израелските власти велат дека хуманитарците што сакаат да достават помош за Газа треба да ги користат пристаништата во Египет или во Израел, а потоа помошта ќе биде доставена по копнен пат.
На крајот на мај, израелските сили убија деветмина активисти што со бродови носеа помош за Појасот Газа од Турција.