Тројца од петмина македонски граѓани умираат од срце

Срцевите заболувања се причина за смртта на тројца од петмина починати во Македонија минатата година, инфомира министерот за здравство Бујар Османи. По повод Светскиот ден на срцето, тој им порача на граѓаните да водат здрав живот, но и постојано да одат на превентивни прегледи за навреме да можат да ги спречат поголемите оштетувања на срцето.