Истекува рокот за израелско-палестинските преговори

САД се обидуваат да ги продолжат израелско-палестинските преговори. Палестинскиот претседател Махмуд Абас претходно изјави дека Палестинците ќе се повлечат од преговорите ако итно не се прекине со проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег. Рокот за прекинување на градењето истекува на полноќ.