Бомбашки напад во Дагестан, 42 повредени

Најмалку 42 луѓе се ранети во самоубиствен бомбашки напад во главниот град на руската република Дагестан, Махачкала. Меѓу повредените има неколку полицајци.
Бомбашот самоубиец ја активирал бомбата откако се пробил низ полицискиот кордон за време на престрелка меѓу полицијата и исламистичките милитанти.