Инцко - Соработка и реформи, а после пари за БиХ

Високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина Валентин Инцко смета дека доделувањето на европски средства за БиХ би требало да се условуваат со реформите во таа земја.
Во интервју за виенски „Стандард“, Инцко вели дека би можело добивањето европски пари да се услови со соработката меѓу трите ентитети.
По зачестените барања за отцепувања на Република Српска, Инцко оценува дека сецесијата би била постхумен триумф на Слободан Милошевиќ и на Радован Караџиќ.
Тој рече дека меѓународната заедница не може да дозволи поделба на БиХ, откако имаше етничко чистење.
Mирен развод не беше можен во 1992 година и зошто сега би бил можен, рече Инцко.