Нов самоубиствен напад во Дагестан

Руските новински агенции јавуваат дека бомбаш самоубиец извршил напад во провинцијата Дагестан при што ранил најмалку 26 луѓе. Се прецизира дека бомбашот го активирал експлозивот на местото каде што претходно имало престрелка со вооружени милитанти. Во последно време во Северен Кавказ зачестија нападите, а само во изминативе неколку дена беа убиени 12 луѓе.