Закана од бомба во пакистански авион

Авион со 273 патници и членови на екипажот на лет од Канада за Пакистан принудно слета на аеродромот Арланда во Стокхолм поради закана од бомба. Шведската полиција соопшти дека пилотот решил да слета откако какандаската полиција примила дојава дека патник во авионот од типот Боинг 777 носел експлозивна направа.