Романски полицајци со шишиња врз Претседателската Палата

Полицајците кои протестираат во Букурешт против намалувањето на платите и работните места, денеска го опколија претседателскиот дворец Котрочени и фрлаа празни шишиња во дворот на претседателската резиденција, јавија агенциите.
На протестот учествуваат над 6.000 полицајци и скандираат „Лажговци!“,„Владеачите - во затвор!“, а бараат и оставки од претседателот Трајан Басеску и премиерот Емил Бок.
Романските синдикати во понеделникот почнаа масовни протестни акции против применувањето на владината политика на затегнување на ремените. На протестот во Букурешт во средата излегоа околу 10.000 демонстранти, а некои од нив влегоа во директни судири со жандармеријата.
Синдикатите бараат од владата да се откаже од антикризната програма, што ја препорача ММФ.