Ердоган - на референдумот победи народот а не власта.

Турските граѓани се победници на референдумот од 12 септември, а не владејачката Партија на правдата и развојот, изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.
Тој додаде дека не само тие кои ги поддржале промените на референдум се победници, а и сите други.
Според Ердоган, народот ја изразил на референдум сопствената волја. Според официјални резултати што ги соопшти Избирачката комисија, уставните реформи, предложени од партијата за правда и развој, ги поддржале 57,88 отсто од турските граѓани.