Светските лидери во Њујорк ќе дискутираат за Судан

Светските лидери, меѓу кои и американскиот Претседател Барак Обама, денеска во Њујорк ќе зборуваат за ситуацијата во Судан. Состанокот ќе биде одржан на маргините на Генералното Собрание на Обединетите Нации.
Во Јануари 2011 ке има гласање за самоупределување на јужниот дел на Судан богат со нафта. Тоа е дел од мировниот договор од 2005 со кој заврши речиси 20 годишниот конфликт во кој загинаа 2 милона луѓе, но се стравува дека референдумот може да биде причина за обнова на борбите.