Косово нема да разговара за статусот, изјави Красниќи.

Претседателот на косовскиот Парламент Јакуп Красниќи изјавил дека Косово нема да потклекне под никаков притисок и да се разговара за државноста. Ова е реакција на пишпувањето на српскиот весник Блиц дека Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун рекол дека статусот на Косово, како спорно прашање, би требало да биде тема на претстојниот дијалог меѓу Белград и Приштина, што предизвикало изненадување кај косовските власти.
Приштинскиот весник „Коха диторе“ објави дека косовските власти се изненадени од ваквото соопштение, посебно по одлуката на Меѓународниот суд на правдата.