Прва егзекуција на жена во САД по 5 години

Во Соединетите Држави е извршена егзекуција на жена што е прв случај по 5 години. Станува збор за 41 годишната Тереза Луис која е усмртена со инекција во затворскиот центар во Џарат, Вирџинија. Таа беше осудена за нарачување убиство врз нејзиниот маж и посиникот во 2002 година. Двајцата мажи кои го извршиле убиството беа осудени на доживотен затвор, а едниот од нив се самоуби во 2006 година.