Говори на Обама и Ахмадинеџад во ОН за иранската нуклеарна програма

Лидерите на Иран и на САД изразија подготвеност за продолжување на меѓународните разговори за ставањето крај на неизвесната ситуација околу иранската нуклеарна програма. Претседателите Махмуд Ахмадинеџад и Барак Обама говореа за нуклеарните прашања во нивните обраќања вчера во рамките на Генералното Собрание на ОН во Њујорк. До овие обраќања доаѓа четири месеци по последната рунда санкции на ОН против Иран, кои беа воведени поради одбивањето да бидат прекинати нуклеарните активности .