Времето и натаму сончево

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура се движи од пет до 14, а дневната ќе биде од 22 до 29 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб југоистичен ветер. Утринската температура се спушти до 10, а дневната ќе достигне 26 степени.