Јанукович сака повеќе овластувања

Украинскиот Уставен суд почна да ги разгледува можностите за враќање на моќта на претседателот, откако претходната администрација ги скрати овластувањата на шефот на државата. Сојузниците на претседателот Виктор Јанукович, во Палраментот поднесоа предлог за укинување на измените од 2004 година, со кои дел од овластувањата на претседателот им беа доделени на парламентот и на владата. Уставниот суд треба да одлучи дали тоа не е во спротивност со Уставот.