Во Кина 33 лица загинале во тајфунот Фанапи

Во поплавите и одроните предизвикани од најсилниот тајфун што годинава ја погоди Кина загинале 33 лица, додека четириесетина други се водат како исчезнати. Тајфунот Фанапи ја погоди јужната кинеска провинција Гуангдонг, а претходно го зафати Тајван каде што настрадаа две лица.