Обама и Ахмадинеџад денеска на ГС на ОН

Светските лидери денеска ја започнуваат годишната дебата на Генералното собрание на Обединетите нации. Меѓу првите говорници на 65 сесија која ќе трае до 30 септември се американскиот претседател Барак Обама и иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад. Генералното собрание се одржува веднаш по самитот на Обединетите нации за борба против сиромаштијата.