Заниер ја демантира Канцеларијата на Владата на Косово

Шефот на УНМИК Ламберто Заниер ги демантира наводите од извештајот на Канцеларијата на Приштина за координацијата на спроведување на Стратегијата за северниот дел на Косово. Заниер вели дека документот содржи низа невистини.
Канцеларијата на Владата на Косово за координација на спроведување на Стратигијата за северниот дел на Косово во извештајот наведе дека останувањето на УНМИК на северот се „претвори во реална пречка за подобрување на состојбата“ во поделената Митровица. Тие го обвинија УНМИК дека и помага на српската паралелна структура во тој дел на Косово.