9-мина загинати во експлозија во Иран

Во северо-западниот ирански град Махабад дошло до експлозија, при што загинале 9 лица, повеќето од нив жени и деца, јавија иранската телевизија на арапски јазик Ал Алам и државната Прес ТВ. Засега никој не ја превзел одговорноста за експлозијата, но властите оценија дека зад инцидентот стојат анти-револуционерни групи. Во западен Иран доминира курдска популација и не се ретки судирите меѓу иранските безбедносни сили и курдски бунтовнички групи.