Македонија и Македонците не можат да изчезнат

Македонија, Македонци и македонски јазик нема да изчезнат поради неколку збора на парче хартија при евентуален договор во спорот за името, а Македонците треба да имаат поголема самодовреба, изјави Даниел Сервер од Американскиот институт за мир за Гласот на Америка. Тој смета дека Скопје ја има опцијата и да ги прекине преговорите за името и да не бара членство во НАТО и во Европската унија, но оти треба да се размисли дали тоа е најдобриот потег за земјата.