Бан Ки Мун е за дијалог меѓу Србија и Косово

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ја истакна важноста на дијалогот меѓу Белград и Приштина во врска со прогласувањето на независноста на Косово во 2008 година. Како што соопшти Светската организација, Бан деновиве имал неколку билатерални средби во врска со ова прашање, меѓу кои и со српскиот претседател Борис Тадиќ, на кои ја изнесол готовноста на ОН да придонесат за почнување дијалог.