Мнозинство жени во швајцарската влада?

Швајцарија, каде што жените го стекнаа правото на глас дури во 1971 година, денеска би можела да ја добие својата прва влада со мнозинство жени. По оставките на двајца министри, двата дома на федералниот парламент денеска во Берн ќе гласаат за изборот на два нови члена на федералниот совет, односно Владата, која вкупно има седум министри. Од шестмината кандидати за министри, четири се жени и тие имаат најголеми шанси да бидат избрани.