Вдовицата на Милошевиќ може да се врати во Србија?

Српските медиуми објавуваат дека вдовицата на починатиот српски лидер Слободан Милошевиќ ќе може слободно да се врати во земјата во идниот месец кога истекува важноста на обвинувањата против неа. 68 годишната Мирјана Марковиќ беше обвинета за злоупотреба на нејзиното влијание во нелегална распределбата на државни станови во Белград. Таа пребега од Србија во 2003 година. Нејзиниот сопруг Слободан Милошевиќ беше соборен од власт на 5 октомври 2000, а упасен во наредната година. Тој беше екстрадиран во Хашкиот трибунал под обвинение за воени злосторства и геноциод. Во 2006 година Милошевиќ во Хаг почина од срцев удар на 64 годишна возраст.