Обама: Кина не прави доволно за јакнење на јуанот

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Кина не прави доволно за зголемување на вредноста на јуанот. Упатувајќи апел за пофер трговски односи со Пекинг, Обама изјави дека Вашингтон покренал повеќе акции против Кина во Светската трговска организација. За кинеската валута, како што јавуваат агенциите, се разговарало и на средбата меѓу државниот секретар Хилари Клинтон и шефот на кинеската дипломатија Јанг Џиечи во Њујорк.