Иванов и Црвенковски на „Клинтон глобалната иницијатива“

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов ќе учествува на Годишниот состанок на „Клинтон глобална иницијатива“, што се одржува во рамки на годишното собрание на ОН. На „Клинтон глобал иницијативата“ ќе учествува и поранешниот претседател на Македонија Бранко Црвенковски кој во Њујорк отиде на покана на поранешниот претседател на САД Бил Клинтон. На годишните состаноци на „Клинтон глобална иницијатива“ досега учествувале повеќе од 125 сегашни и поранешни претседатели, 15 добитници на Нобеловата награда за мир и други видни членови на општеството.