Куба ја крати државната администрација

Кубанските синдикални лидери ги повикаа работниците од целата земја на состаноци на кои ќе се подготвуваат за спроведување на планот на владата да се отпуштат пола милион вработени. Синдикалните лидери на тие состаноци се обидуваат да им помогнат на работниците да ги пребродат кризите од отпуштањето . Куба на 13-ти септемви објави дека до март наредната година ќе бидат отпуштени 500 илјади работници и дека ќе се ублажат контролите на приватните претпријатија, за да можат работниците повторно да се вработат .Државните службеници заработуваа токолу 20 долари месечно , а владата обезбедува бесплатно школство, здраство, помага во исхраната, сместувањето и за превоз на работниците. Претседателот Раул Кастро уште во април најави дека треба да се отпуштат еден милион работници во државниот сектор. Над 84 проценти од работната сила во Куба се вработени во државни фирми, мал дел од нив се во приватниот сектор или работат самостојно.