ИВЗ бара помош за борба против вахабистите

Поглаварот на ИВЗ на Македонија, реисот Сулејман Реџепи денеска побара од македонските власти и од политичките партии на Албанците, но и од амбасадите на САД и на ЕУ да и помогнат на ИВЗ и да преземат соодветни мерки против вахабистите. Според Реџепи, целта на овие радикални групи е и да го нарушат имиџот на државата и да ја спречат интеграцијата во ЕУ и во НАТО.