Убиства во Германија

Најмалку 4 луѓе се убиени и еден полицаец е сериозно повреден во мало градче во југозападниот дел на Германија. Полицијата се уште не открива детали за тоа како се случиле убисвата, но според неофицијалните информаци на медиумите две лица загинале кога една жена отворила оган од автоматска пушка во болница. Полицијата соопшти дека другите две мртви тела се пронајдени по експлозија во стан кој се наоѓа во близина на границата со Швајцарија и Франција.