Осомничен терорист уапсен во Амстердам

Холандската воена полиција денеска уапси Британец со сомалиско потекло на аеродромош Шипол во Амстердам под сомнение дека одржува врски со терористи. Уапсениот летал од Ливерпул, преку Амстердам за градот Ентебе во Уганда. Холандските власти соопштуваат дека го уапсиле човекот по дојава од нивните британски колеги.